
Фудбалерите на Пари Сен Жермен славеа во големото француско дерби против Олимпик во Марсеј со 0-2.
Избраниците на Луис Енрике постигнаа исклучително важна победа против нивните омразени ривали и покрај хендикепот во 40. минута кога Бералдо беше исклучен.
Шпанскиот стручњак го замени Килијан Мбапе во текот на второто полувреме, а на негово место влезе Гонсало Рамош. На крајот Португалецот го постига вториот гол за „светците“, па овој потег на Енрике се покажа како оправдан.
Фановите, сепак, веруваат дека потегот беше повеќе „дисциплинирачки“ кон Мбапе, кој одби нов договор со парижани и најави заминување од француската престолнина.
„Верувам дека не можете да ме разберете, но, сепак, најважен е тимот“, изјави Луис Енрике.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski