
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше многу задоволен од играта на неговиот тим во дербито (0-0) против Манчестер Сити. „Топчиите“ повторно не примија гол против тимот на Пеп Гвардиола и ја задржаа предноста од еден бод во однос на „граѓаните“, но го загубија првото место на табелата од Ливерпул.
„Се покажа како многу тензичен натпревар. Денеска направивме уште еден важен чекор. Манчестер Сити има способност да го ротира својот тим и тоа многу му помага. Тие се многу силни физички, но мислам дека добро се снајдовме“, прокоментира Артета.
„Почистите ситуации беа за нас. На моменти беа навистина агресивни и успевавме опасно да ја доближиме топката до голот на противникот. Вложивме многу труд – и индивидуално и тимски. Сите го дадоа својот максимум. Мислам дека последен пат Манчестер Сити не постигнал гол на „Итихад“ во 2021 година“, изјави поранешниот помошник на Гвардиола.
„Поминавме исклучително тежок тест. Сакавме да победиме, но ако не можете да победите, важно е и да не изгубите“, изјави Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
