Капитенот на Њукасл, Џамал Ласелс, ќе отсуствува од терените шест до девет месеци, откако вчера ги скина предните вкрстените лигаменти во победата од 4-3 над Вест Хем, соопштија од премиерлигашот.
Ласелс во 17. минута го повреди десното колено и Њукасл објави дека ќе биде опериран следната недела, со што практично ќе ја заврши сезоната.
„Откако беше прегледан од специјалист, се очекува тој да биде опериран следната недела и ќе биде надвор од терените шест до девет месеци“, се вели во соопштението на Њукасл.
Клубот ја активираше опцијата за продолжување на договорот на 30-годишниот дефанзивец претходно овој месец за да го задржи до 2025 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













