Connect with us

Луис Енрике има „рецепт“ како да го задржи Мбапе во Париз?!

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, верува дека постои шанса Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“ сѐ додека не ја објави својата конечна одлука.


Пред вечерашниот „класик“ со Олимпик Марсеј изјави дека не е невозможно Французинот да остане во Париз.

„Ова е последниот “класик” за Мбапе? Кој го вели тоа? Сѐ уште се надевам дека Килијан ќе остане во Париз. Тој сѐ уште не објавил ништо, можеби ќе се премисли. Замислете ако ги освоиме сите четири трофеи и Мбапе тогаш сфати дека треба да остане, зошто да не“, праша Енрике.

Инаку, веќе подолго време е познато дека Мбапе нема да го продолжи договорот и дека како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид, иако тоа сѐ уште официјално го нема објавено.

Очигледно нема да има официјална објава сѐ додека има шанса ПСЖ и Реал да се сретнат во Лигата на шампионите, а такво нешто е можно само во финалето.

ПСЖ се среќава со Барселона, а потоа, ако помине, оди на Атлетико Мадрид или Борусија Дортмунд, додека Реал Мадрид е на другата страна од костурот со Манчестер Сити, односно со Арсенал и Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови