Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, би можел да ја напушти „Алијанц арена“ ова лето. Кимих за првпат во кариерата не ја исклучува можноста да го напушти Баерн, особено поради лошиот однос со последниот тренер Томас Тухел.
Германскиот репрезентативец ќе ја донесе конечната одлука кога Баерн ќе назначи нов тренер. Откако Чаби Алонсо реши да остане уште една сезона во Баер Леверкузен, сега Баерн е насочен кон Роберто Де Зерби, но не ја исклучува можноста и да го врати Џулијан Нагелсман.
Интересно е тоа што Кимих беше еден од лидерите на кланот кој беше против неговото заминување пред точно една година, па се верува дека би останал доколку Нагелсман повторно седне на клупата.
Спортскиот директор Макс Еберл не крие дека Кимих му соопштил на клубот дека неговиот престој зависи од изборот на новиот тренер.
„Кимих јасно ни кажа дека сака да почека да види кој ќе биде нов тренер и дека после тоа ќе донесе одлука дали ќе остане или не. Тој го има последниот збор“, изјави Еберл.
За Кимих се интересираат најголемите европски клубови, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













