Connect with us

Директорот на Милан: Пиоли може да биде мирен, неговата позиција е сигурна

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, може да биде мирен во врска со своето работно место и изгледа дека ќе продолжи да го води тимот следната сезона. Ова се зборови на извршниот директор на клубот, Џорџо Фурлани, во интервју за „Газета дело спорт“.


„Сезоната досега ни беше добра. Но, како и минатата година, уште еден тим ги надминува очекувањата. Претходно беше Наполи, а сега Интер. Пиоли дефинитивно има позитивна историја на чело на Милан, бидејќи го врати тимот во Лигата на шампионите и го освои „скудетото“. Често е критикуван, но во исто време постигна важни резултати за нас. Никој во клубот не спомнал дека неговата функција е доведена во прашање. Би било неправедно да му судиме врз основа на нашето преостанато учество во Лига Европа и исходот од дербито со Интер, иако тие се важни за нас“, истакна Фурлани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови