
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, побара од ФА на Англија да не наметнува дополнителна казна за Сандро Тонали. Италијанецот моментно отслужува десетмесечна забрана за настапи поради обложување за време на неговиот престој во Серија А.
Сепак, ФА вчера го обвини за нови облози поставени меѓу 12 август 2023 година и 10 октомври 2023 година. Доколку не биде дополнително казнет, Тонали би можел повторно да игра официјални натпревари во август 2024 година.
23-годишниот играч од средниот ред има рок до 5 април да одговори на новите обвиненија.
„Не знам дали санкцијата на Сандро ќе биде зголемена. Се надевам дека нема да има поголеми последици по него. Сандро Тонали веќе претрпе доволно. Тој беше многу искрен и призна дека има проблем за кој побарал помош. Оваа негова болест не заврпи магично после неговото преселување во Англија. Мислам дека луѓето треба да гледаат на тоа на тој начин наместо да го казнат дополнително, бидејќи мислам дека тоа нема да допре до коренот на проблем. Ние ги штитиме сите наши играчи. Тоа е нешто што може да му се случи на секого, станува сѐ поголем проблем во општеството. Тоа не е само проблем на Сандро“, изјави Еди Хау на денешната прес-конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
