Италијанскиот калчолигаш Јувентус бара нови играчи за освежување на ростерот за следната сезона, а една од опциите за пополнување на стоперските позиции е Рикардо Калафиори, фудбалер на Болоња и репрезентативец на Италија до 21 година. Сепак, тој не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажува славниот италијански клуб.
Калафиори од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година. Тој тврди дека повеќе би сакал да го почитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во трофејниот гигант од Торино.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Подобро би останал овде отколку кога и да е да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













