Англискиот премиерлигаш Ливерпул се обидува на сите начини да го убеди Чаби Алонсо да дојде на „Енфилд Роуд“ и да ја преземе раководната улога во стручниот штаб по заминувањето на Јирген Клоп. Сепак, шпанскиот стратег се чини дека има намера да остане во Германија, иако засега не соопштил ништо официјално на тој план.
Ливерпул е подготвен на Чаби Алонсо да му ја исполни и најголемата желба и да го купи Флоријан Вирц, офанзивниот фудбалер за врска на Баер Леверкузен, кој оваа сезона е носител на играта на непобедливите „фармацевти“ кои се на прагот на освојување на историската прва титула во Бундес-лигата.
Баер Леверкузен бара 120 милиони евра за Флоријан Вирц и се чини дека Ливерпул не би имал ништо против да ги плати, но доколку добие гаранции од Чаби Алонсо дека следната сезона ќе седне на клупата на „Енфилд Роуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













