Светскиот шампион на Германија од 2014 година, Мирослав Клосе, потсети дека престанал да игра фудбал затоа што повеќе не го препознава. Тој го критикуваше односот на младите фудбалери воопшто кон фудбалската игра.
„Младите играчи денес размислуваат за други работи. Како дете размислував само да тренирам и да станам некој во овој спорт што отсекогаш го сакав. Во Лацио и репрезентацијата, после секој тренинг, правев сѐ за да се опоравам и да избегнам повреди. Но, сега младите систематски тоа го одбиваат. Повеќе ги интересира дали копачките им одат заедно со чорапите. Фудбалот што го знаев повеќе не постои. Денешните млади фудбалери прво размислуваат за автомобилите, спонзорските договори и нивните нови копачки. Само после сите овие работи доаѓа фудбалот. За нив најважен е нивниот имиџ, а за мене беше важен само фудбалот во својата најчиста форма“, изјави 45-годишниот Миро Клосе, некогашен врвен напаѓач на Баерн Минхен и на Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal