
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, би можел да го пропушти ЕВРО 2024 година. Според медиумите на Островот, селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт не е импресиониран од игрите на напаѓачот и не може да гарантира негово вклучување во тимот за првенството на Стариот континент во Германија ова лето.
За да добие место во селекцијата, Рашфорд ќе треба да покаже добра форма во преостанатите натпревари од сезоната.
Според сегашните правила, на списокот на репрезентацијата за завршниот турнир во Германија може да се вклучат само 23 играчи, но голем број селектори бараат квотата да се зголеми на 26 играчи.
На двата меча со Англија во март, Маркус Рашфорд мина 15 минути на теренот, влегувајќи како резерва на мечот со Бразил (0-1). Во тековната сезона, напаѓачот постигна седум гола и запиша две асистенции на 27 натпревари во Премиер – лигата за Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
