
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, по завршувањето на сезоната ќе потпише нов договор со клубот, пишува „Газета дело спорт“. 47-годишниот стратег постигна договор со раководството на „нероаѕурите“ и ќе го продолжи договорот.
Актуелниот договор на Инзаги е до летото 2025 година, а тој треба да потпише за уште една дополнителна година. Договорот ќе има опција за продолжување и на уште 12 месеци – до крајот на сезоната 2026/27.
Симоне Инзаги е на чело на Интер од јуни 2021 година. Во тој период го освои секој можен трофеј во Италија и минатата сезона го одведе својот тим до финалето на Лигата на шампионите, губејќи со 1-0 од Манчестер Сити.
Интерес за Инзаги имаше од Челси и од Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
