Џуд Белингам, суперѕвездата на Реал Мадрид и на репрезентативец на Англија, ја спаси својата селекција од пораз од Белгија на „Вембли“. Гостите водеа, а буквално во последниот напад од судиското продолжение Белингам погоди за конечни 2-2 и лудо прослави со навивачите.
Но, Белингам многу повеќе ги импресионираше фудбалските фанови ширум светот со она што го направи пред натпреварот. Секој играч придружуваше по едно дете на теренот, а англискиот ас беше придружуван од момче со попреченост.
Откако го истурка на тревникот во количката, почна да врне. Додека играчите се редеа за химната, Белингам забележа дека на момчето му е студено. Реши да го заштити од дождот. Откако кратко разговараше со него, го соблече горниот дел од тренерките и го покри момчето во инвалидска количка.
Неговиот гест ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи, а видеото од ситуацијата стана вирално.
Jude Bellingham 👌 pic.twitter.com/ex6lBupTBE
— S..⚽️ (@ToffeeBlue1878) March 27, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal