Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш Евертон, Џарад Брантвејт, е летна трансферна цел на гигантите Манчестер Сити, Тотенхем и Реал Мадрид.
Брентвејт ја започна својата кариера во Карлајл Јунајтед, а во 2020 година се пресели на „Гудисон Парк“. Евертон прво го испрати на позајмица во Блекбурн и ви ПСВ, а оваа сезона се избори за место во првиот тим и забележа 31 настап и постигна два гола во сите натпреварувања.
Тој настапуваше за младата репрезентација на Англија до 20 и до 21 година, но сѐ уште не дебитирал за сениорската репрезентација, иако беше на клупата во поразот од Бразил (1:0) во саботата.
Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон за него ќе бара отштета од околу 60 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal