Англиската легенда Дејвид Бекам раскажа интересна приказна за трансферот на Лионел Меси во Интер Мајами. 36-годишниот Аргентинец потпиша за клубот на Бекам минатата година откако го напушти Пари Сен Жермен.
„Јас и Викторија бевме во Јапонија. Беше околу 4 часот наутро кога телефонот почна да ми ѕвони без престан. Викторија ме поттурна и ми рече да молчам бидејќи ни требаше одмор поради џет-лагот. Го зедов телефонот, ги ставив наочарите и дознав дека Меси одлучил да потпише со Мајами. Дури и сега се ежам. Станав од кревет и почнав да плачам. Тогаш Викторија ме праша зошто плачам и кој умре. Само му одговорив дека Лео Меси доаѓа во Мајами, а потоа отидов на интернет и видов дека веќе сѐ е објавено на социјалните мрежи“, се присети Бекам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













