
Голманот на Интер, Јан Зомер, го напушти тренинг кампот на Швајцарија поради повреда. 35-годишниот голман се здоби со повреда на вчерашниот пријателски натпревар со Данска, кој заврши 0-0.
Зомер го изврте глуждот во првото полувреме од мечот, паѓајќи на земја од болка.
Тој се обиде да го продолжи натпреварот, но не можеше да го стори тоа и беше принуден да биде заменет со голманот на Лориен, Ивон Мвонго во 37. минута од натпреварот.
Исто така, беше објавено дека чуварот на мрежата на Интер имал „значителна болка и оток“.
Зомер ќе отпатува за Милано, каде што ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи и ќе се знае колку е сериозна неговата повреда. На негово место беше повикан чуварот на Борусија Менхенгладбах, Јонас Омлин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
