Менаџерот на европскиот и англиски првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е одушевен од квалитетите на Џамал Мусијала, младиот офанзивец на Баерн Минхен, и побарал од раководството на клубот да го доведат на „Итихад“ без да прашуваат за цена.
Според медиумите на Островот, Гвардиола дури се заканил и со можноста да ја напушти клупата доколку не му биде исполнета оваа желба.
Иднината на Кевин Де Бруин и Бернардо Силва на „Итихад“ е под знак прашалник, а Гвардиола сака навреме да донесе достојна замена за Белгиецот и за Португалецот.
Де Бруин се поврзува со изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија, додека Силва долго време е цел на ПСЖ.
Џамал Мусијала има актуелен договор со Баерн Минхен и сигурно дека баварскиот клуб нема така лесно да се сложи да го продаде ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













