Connect with us

Дури девет имиња се вртат на „Олд Трафорд“ за наследник на Ерик тен Хаг

Раководството на Манчестер Јунајтед идентификуваше девет потенцијални кандидати за наследник на нивниот сегашен менаџер Ерик тен Хаг. Иднината на Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ во никој случај не е сигурна, бидејќи „црвените ѓаволи“ моментално се шестопласирани на табелата во Премиер лигата.


Претходната недела беше објавено дека англискиот селектор Герет Саутгејт е фаворит на новиот косопственик Сер Џим Ретклиф кој ќе го замени Тен Хаг на кормилото, но 53-годишниот стратег најави дека нема да разговара со ниту еден клуб додека не заврши Европското првенство во Германија на лето.

Иако Ретклиф моментално го поддржува Холанѓанецот, резултатите на Тен Хаг го компромитираа неговиот престој на „Олд Трафорд“.

Според „ЕСПН“, дури девет имиња моментално разгледува Јунајтед за негов потенцијален наследник.

Опциите ги вклучуваат поранешниот менаџер на Челси и Брајтон, Грем Потер, сегашниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби, како и менаџерот на Брентфорд, Томас Френк. На списокот се најдоа и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој ќе си замине на крајот на сезоната, како и поранешниот тренер на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги.

Оваа листа ја заокружуваат легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим и селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман. Не е исклучено Јунајтед да има амбициозен пристап и кон менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу.

По доаѓањето на Сер Џим Ретклиф во Манчестер Јунајтед, клубот назначи нов извршен директор Омар Берада и работи на именување на нов спортски директор во Ден Ешворт од Њукасл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови