Апелацискиот суд во Милано ја потврди пресудата донесена во 2022 година од судовите во Хонг Конг, според која сопственикот на Интер, Стивен Жанг, мора да отплати заем од 250 милиони евра на Кинеската градежна банка. „Кориере дело спорт“ информира дека банката и доделила заем од 255 милиони евра на „Грејт Матрикс Лимитед“, холдинг компанија која е филијала на „Сунинг холдинг“, која е сопственик на Интер.
Вкупната сума што Стивен Жанг треба да ја врати е 320 милиони евра со камата.
Во меѓувреме, „нероаѕурите“ активно работат на реструктуирање на финансискиот договор со американскиот инвестициски фонд „Оуктри“.
Американците потенцијално би можеле да ја преземат контролата над италијанскиот тим во наредните месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













