Напаѓачот Хари Кејн е изоставен од тимот на Англија за пријателскиот натпревар со Бразил, а менаџерот Герет Саутгејт изјави дека е „крајно сомнително“ дека може да се опорави за дуелот со Белгија.
Букајо Сака исто така испадна од тимот на европските вицешампиони поради повреда во четвртокот. Натпреварот со „селесао“ ќе го пропуштат и Џордан Хендерсон и Кол Палмер.
„Хари Кејн, Џордан Хендерсон и Кол Палмер нема да играат против Бразил. Би рекол дека Кол и Хендо имаат поголеми шанси да играат против Белгија од Хари, кој е под сериозен знак прашалник“, изјави Саутгејт.
Отсуството на Хари Кејн отвора шанса за играчи како Оли Воткинс и Иван Тони да заработат место во тимот за Европското првенство.
„Мислам дека и двајцата се свесни дека можноста е голема. Тие се во добра форма, ќе имаат време со нас. Двајцата се многу, многу добри играчи“, додаде Герет Саутгејт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













