Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да ја купи новата ѕвезда на Лестер

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Лестер, Кирнан Дузбери-Хол, пренесуваат медиумите на Островот. „Црвените ѓаволи“ имаат намера да отворат преговори со „лисиците“ за 25-годишниот играч од средниот ред на лето, според ситуацијата на „Кинг Пауер“.


Доколку Лестер освои промоција во Премиер – лигата, цената на Дузбери-Хол би била околу 60 милиони фунти, што Манчестер Јунајтед веројатно би можел да ја одбие.

Медиумите на Островот сметаат дека доколку „лисиците“ останат во Чемпионшип, цената ќе биде околу 20 милиони фунти поради финансиските загуби на клубот од евентуалното останување во вториот ешалон.

Во тековната сезона Дузбери-Хол се наметна како еден од лидерите во тимот на Лестер, а на 36 натпревари во Чемпионшип, Англичанецот има 10 гола и 12 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови