Ѕвездата на Аталанта, Тун Копмајнерс, го известил раководството на клубот дека сака да биде продаден по крајот на сезоната. Интерес за холандскиот интернационалец има од Јувентус и од клубови од Премиер – лигата.
„Им соопштив на раководните луѓе во Аталанта дека сакам да бидам продаден во текот на летото. Се надевам дека ќе има опции за разгледување по крајот на сезоната. Поминав неверојатно време во Аталанта и се надевам дека ќе добијат добра сума за мене”, изјави играчот од средниот ред за холандскиот „Телеграаф“.
Тун Копмајнерс се пресели во Бергамо во летото 2021 година. Во оваа сезона има 33 натпревари за Аталанта, на кои има постигнато 12 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













