Дани Алвеш засега нема да излезе од затвор, иако тоа го најавија шпанските медиуми. Неговиот адвокатски тим не ја плати кауцијата од еден милион евра, за Бразилецот да биде пуштен на условна слобода, а беше објавено дека Нејмар сениор треба да ги плати парите.
Таткото на бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар да Силва Сантос, ги демантираше информациите на шпанските медиуми дека ќе плати кауција од милион евра за Дани Алвеш.
Нејмар да Силва Сантос реши јавно да се огради од оваа информација и излезе со соопштение.
„Како што сите знаат, јас навистина му помогнав на Дани Алвеш на почетокот, се додека не беше осуден“, напиша Нејмар постариот и додаде:
„Во овој момент ситуацијата е сосема поинаква. Шпанскиот суд пресуди и сите шпекулации и врски меѓу мојот син и мене со оваа тема не се вистинити. Се надевам дека Дани и неговото семејство ќе ги најдат сите одговори што ги бараат. За нас, за моето семејство, оваа работа е завршена. КРАЈ”, напиша таткото на најскапиот фудбалер на светот.
Дани Алвеш ќе мора да бара друг излез од затворот. Негов проблем е фактот што сите сметки му се блокирани, а очигледно е дека ќе мора да помине одредено време зад решетки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













