
Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 против Молдавија на пријателскиот натпревар одигран во Анталија. Тоа е четврто реми во меѓусебните средби со овој противник од вкупно четири одиграни дуели.
Селекторот Благоја Милевски изведе офанзивна формација на стартот, со Бојан Миовски и Милан Ристовски во нападот и Елиф Елмас како нивна поддршка. На страничните позиции беа Дарко Чурлинов и Езгјан Алиоски кои исто така имаат офанзивни карактеристики.

Во дефанзивата за првпат стартер беше Ахмед Илјазовски, во трио со Никола Серафимов и со Визар Муслиу.
Македонија беше подобар ривал во првиот дел, а тоа го валоризираше на самиот крај, пред одморот. Во 45.минута, капитенот Енис Барди се одлучи за удар од далечина, голманот на Молдавија ја одби топката, а Бојан Миовски погоди за водство.
Во вториот дел, Молдавија тргна по узрамнување, долго се обидуваше да дојде до реми и тоа му успеа на Витали Дамашкан во 82.минута, кој со удар со ножички постигна прекрасен гол, совладувајќи го Столе Димитриевски.
Oh le but de Vitalie Damaşcan du @FC_SLO avec la Moldavie🤩💪 pic.twitter.com/2DhS1VKUSa
— Dᴀᴠɪᴅ Bᴀʀʀᴀs (@david_barras) March 22, 2024
Во финишот, на местото на Миовски во 77.минута во игра влезе дебитантот Лирим Ќамили, кој само минута подоцна имаше и шанса, но не успеа да ја искористи.
Македонија в понеделник, исто така во Анталија, ќе игра уште еден пријателски натпревар против Црна Гора.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
