Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15.30 часот) го игра првиот пријателски натпревар од овој мини-циклус. Ривал е селекцијата на Молдавија, а селекторот Благоја Милевски го одреди стартниот тим.
Ќе ги нападнеме Молдавците со Бојан Миовски и со Милан Ристовски, во средниот ред се поставени Енис Барди, Јани Атанасов и Елиф Елмас, а на десната странична позиција ќе биде Дарко Чурлинов. Левата страна е резервирана за Езгјан Алиоски.
Во стоперското трио се Висар Муслиу, Никола Серафимов и Ахмед Илјазовски, а на голот е Столе Димитриевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра од 15.30 часот, на стадионот „Мардан“ во Анталија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













