Фудбалската репрезентација на Англија деновиве ги претстави новите дресови, во кои ќе настапи на Европското првенство во Германија. Производителот „Најки“ бараше инспирација во дресовите од 1966 година, кога Англија беше светски шампион. Сепак, полемики настанаа кога јавноста сфати дека е исменет дизајнот на крстот на Сент Џорџ, симболот што се наоѓа на знамето на Англија.
Дизајнерите на „Најки“ направија промени во боите и формата, па црвениот крст од англиското знаме доби повеќе бои. Набрзо дојде и реакцијата на премиерот Риши Сунак, кој ги предупреди производителите дека не треба да се шегуваат со националните симболи.
„Очигледно го претпочитам оригиналниот крст. Мојата гледна точка е дека не треба да се шегувате со вакви работи бидејќи тие се извор на гордост, идентитет, заедница. Тие симболи дефинираат кои сме ние”, изјави британскиот премиер.
Rate the new England kit out of 10… 👇 pic.twitter.com/TMb7MJDOZt
— talkSPORT (@talkSPORT) March 18, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













