Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се надева дека тренерот Чави би можел да остане во тимот и следната сезона.
„Чави инсистира дека нема да се предомисли и ќе замине во јуни, но… ќе видиме. Сѐ уште се надевам дека ќе го задржам за следната сезона, но тоа зависи само од него“, изјави Лапорта, цитиран од „Мундо Депортиво“.
Чави претходно најави оставка како тренер на Барселона на крајот од сезоната 2023/24. 44-годишниот стратег е на кормилото на тимот од ноември 2021 година.
По 29 кола, каталонскиот тим е на второто место со 64 бода. Негативата во однос на лидерот Реал Мадрид е 8 бода.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













