Италијанскиот калчолигаш Интер не е сигурен за иднината на Франческо Ачерби по неговиот расистички инцидент со Хуан Жесус од Наполи.
Истрагата сѐ уште трае околу зборовите кои наводно Ачерби ги користел во комуникацијата со фудбалерот на Наполи, а доколку се утврди дека Италијанецот е виновен, Интер ќе го продаде на лето.
Во случај да замине, како многу важна фигура во системот на Симоне Инзаги, ќе треба да се најде адекватна замена. „Нероаѕурите“ го посакуваат играчот на Баерн Мин-Јае Ким, кој летово се пресели од Наполи во Минхен за 50.000.000 евра, пишува „Газета дело Спорт“.
Нема да биде лесно да го доведат, но доколку новиот тренер на баварскиот клуб смета дека Ким не му е неопходен, Интер би можел да добие попуст од Баерн. Во исто време, кога ќе се додаде дека двата клуба се во многу добри односи, ситуацијата е уште поповолна за италијанскиот тим.
Следна опција за Интер е Крис Смолинг, за кого веруваат дека е идеална опција за формација со тројца стопери. Но, тоа ќе зависи од тоа како Смолинг ќе ја заврши сезоната со Рома со оглед дека се враќа од долга повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal