
Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата со една од ѕвездите на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, пишуваат шпанските медиуми. „Кралевите“ бараат нов десен бек бидејќи Дани Карвахал веќе наполни 32 години.
Големи промени ќе следуваат и на „Енфилд“ откако Јирген Клоп објави дека си заминува на крајот од сезоната.
25-годишниот Александар-Арнолд има договор со „црвените“ до летото 2025 година. Во оваа фаза, двете страни сѐ уште не се во преговори за негово обновување, што може да биде од корист за шпанскиот гигант.
На лето Англичанецот ќе влезе во последните 12 месеци од договорот, што би можело значително да му ја намали цената.
Реал Мадрид сака да ја засили и левата страна на одбраната бидејќи Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е сѐ поблиску до трансфер на „Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
