
Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата со крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго. „Црвените ѓаволи“ сакаат да ангажираат играч кој ќе го засили офанзивниот дел од тимот и се насочиле кон 23-годишниот Бразилец.
Родриго игра во одлична форма откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ и е еден од клучните играчи на тренерот Карло Анчелоти. Сепак, неговата иднина во клубот не е сосема сигурна со претстојното пристигнување на Килијан Мбапе, како и на младиот Бразилец Ендрик во тимот. Тоа би можело да ги натера челниците на „кралскиот клуб“ да го продадат Родриго за добра понуда со намера да ја наполнат касата на клубот.
Доколку сакаат да го привлечат Родриго во своите редови, сепак, од Манчестер Јунајтед мора сериозно да го одврзат ќесето. Крилниот напаѓач сигурно ќе чини најмалку 100 милиони евра доколку воопшто биде постигнат договор.
Родриго беше доведен во Реал Мадрид од Сантош во 2019 година за сума од 45 милиони евра.
Досега за „кралскиот клуб“ има 206 настапи, 50 гола и 40 асистенции. Тој е и бразилски репрезентативец со 19 настапи и четири гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
