
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, увери дека не му завидува на големиот ривал Реал Мадрид за претстојниот супертрансфер на Килијан Мбапе. Уште повеќе, првиот човек на каталонскиот клуб смета дека ангажманот на Французинот може да доведе до недоразбирања во соблекувалната на „кралевите“.
Покрај тоа, Реал Мадрид најверојатно при таквиот развој на настаните ќе мора да продаде некој од сегашните напаѓачи.
„Не, воопшто не му завидувам на Реал Мадрид за Килијан Мбапе. Исто така, сè уште не знам дали ќе го ангажираат или не. Ќе видиме. Имам некоја интуиција. Мислам дека ќе имаат проблеми. Мора да продадете некого ако доаѓа Мбапе, нели? Затоа што двајца квалитетни фудбалери не можат да играат на иста позиција. Читав и за бројките што се споменуваат. Тие сигурно ќе предизвика метеж во соблекувалната. Ова не е подарок“, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
