Португалија ја совлада Шведска со 5-2 во пријателски натпревар како дел од подготовките за ЕП 2024 во Германија. Португалците ги израдуваа домашните навивачи на стадионот „Дон Алфонсо Хенрикес“ во Гимараеш, а стрелци за домашната селекција беа Рафаел Леао, Матеус Нуњез, Бруно Фернандеш, Брума и Гонсало Рамош.
Швеѓаните го направија поразот малку поприфатлив со головите на Виктор Ѓокереш и на Густаф Нилсон.
Покрај триумфот на домаќините, средбата ја одбележа и отсуството на големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, кој првично се најде на поширокиот список од 32 играчи на селекторот Роберто Мартинез, но на крајот е одлучено да не игра на овие пријателски мечеви.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













