
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15.30 часот) ќе одигра пријателски натпревар против Молдавија, прв во мини-циклусот во турскиот туристички центар Анталија. Овие два теста треба да бидат одлична проверка на формата во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации.
„Задоволен сум, секако, од работната атмосфера во овие три дена. За жал, поради повреди не можеме да сметаме на Исник Алими, Ердон Даци и на Стефан Ашковски. Тие нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. Во овој момент, најважно е сите да се здрави и физички подготвени, иако знаеме дека не се сите стандардни со минутажа во своите клубови. Но, и во таква ситуација, секогаш репрезентативците го даваат максимумот кога го носат дресот на Македонија“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Двата пријателски натпревари со Молдавија и со Црна Гора ќе бидат искиористени за да се испробаат и некои други опции во тимот.
„Ова се натппревари кои секако сакаме да ги искористиме на најдобар можен начин. Ќе испробаме некои играчи и на нови позиции, да видиме како тоа ќе изгледа. Минутажа ќе добијат сите фудбалери, ќе тестираме некои поинакви варијанти, но, секако ќе размислуваме само за позитивни резултати“, дополни селекторот Милевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Молдавија се игра утре, со почеток од 15.30 часот, на стадионот „Мардан“ во Анталија. Три дена подоцна Македонија ќе игра пријателски натпревар и со Црна Гора.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
