Connect with us

Челси ќе тргне по Лаутаро Мартинез, ако не успее да го доведе Виктор Осимен

Челси внимателно го следи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, со огфлед дека премиерлигашот продолжува да бара нов голгетер кој ќе го води нападот следната сезона. Фановите на клубот се надеваат дека на „Стемфорд бриџ“ ќе биде донесен докажан стрелец, а најголеми ќелби се две ѕвезди од Серија А.


Прв избор на Челси останува напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Нигерискиот интернационалец минатата сезона ги одведе „партенопеите“ до нивното прво „скудето“ по три децении, а Наполи очекува за него да бидат платени околу 150 милиони евра.

Доколку „сините“ не успеат да го ангажираат Осимен, тогаш ќе се обидат со Лаутаро Мартинез. Аргентинецот има уште две години од договорот со „нероаѕурите“, кои сепак преговараат со него за нов договор со подобрени финансиски услови.

Интер е подготвен да го направи Лаутаро Мартинез најплатен играч во тимот за да обезбеди тој да остане на „Џузепе Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови