
Почнуваат дополнителните квалификации за ЕВРО 2024 кое на лето ќе се игра во Германија. За последните три места на три мини-турнири се борат 12 репрезентации. Полуфиналните натпревари се денеска, а финалните дуели во вторник следната недела.
УЕФА го дизајнираше плеј-офот за ЕП на таков начин што му даде значење на своето најново натпреварување, Лигата на нации. Така, во овој плејоф има репрезентации кои не успеаја да се пласираат на ЕВРО 2024 преку квалификациите за тоа натпреварување, но беа најдобропласирани во Лигата на нации.
Плеј-офот го играат 12 репрезентации поделени во три групи по четири репрезентации. Се игра еден натпревар по принципот на полуфинале и финале. Домаќин на полуфиналето е повисокопласираната репрезентација од Лигата на нации. Со ждребот се одредува домаќинот на финалето, а на ЕВРО 2024 одат само тројца победници. Тие не се борат само за пласман на Европското првенство, туку и за раскошната премија на УЕФА од 9,25 милиони евра за секој од тројцата победници на дополнителните квалификации.
Низа одлични играчи, дури и легенди, се борат за да играат на ЕВРО 2024 преку овој плејоф: Левандовски, Џеко, Лунин, Довбик, Зинченко, Мудрик, Кварацкелија, Гудмундсон…
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ-ОФ ЗА ЕВРО 2024
Плеј-оф А
Полуфинале: Велс – Финска, Полска – Естонија
Домаќин на финалето: Велс или Финска
Плеј-оф Б
Полуфинале: БиХ – Украина, Израел – Исланд
Домаќин на финалето: Босна и Херцеговина или Украина
Плеј-оф Ц
Полуфинале: Грузија – Луксембург, Грција – Казахстан
Домаќин на финалето: Грузија или Луксембург

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
