Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски, поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари на А репрезентацијата против Молдавија и Црна Гора.
Стефан Ашковски веќе три седмици се мачи со повреда на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22. март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора.
Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













