
Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, претстојното лето ќе го напушти ПСЖ, тоа веќе го потврди и тренерот Луис Енрике.
„Изгледа дека блиската иднина на Килијан не е тука во Париз, па моравме да ја тестираме тактиката без него. Нему не му треба тренер, тој е играч кој ќе даде 50 гола во сезона и ќе собере 25 асистенции, без да му кажеш. Тој е најдобриот играч на светот во последната третина од теренот“, изјави Енрике.
Мбапе на лето речиси сигурно ќе замине во Реал Мадрид како слободен играч. Оваа сезона постигна 38 гола на 37 натпревари и се очекува да биде огромно засилување за „кралскиот клуб“, а веќе се договорени и главните детали од договорот.
Годишната плата на Мбапе ќе биде во ист опсег како и на другите главни асови во тимот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, која со различни бонуси изнесува околу 24 милиони евра годишно.
Но, тоа не се единствените пари што ќе ги добие Мбапе. Бидејќи во неговиот трансфер нема да има обештетување за друг клуб, се очекува провизијата за потпишување на договорот да биде над 100 милиони евра. Реал нема да мора веднаш да му ја исплати таа неверојатна сума, туку на рати додека трае договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
