Поранешниот фудбалер Робињо мора да ја одлежи во родниот Бразил деветгодишната затворска казна што му беше изречена во Италија, објавија властите во јужноамериканската земја.
Случајот го разгледуваше Врховниот суд на Бразил. Заврши со тоа што мнозинството судии одлучија дека казната во Европа мора да важи и во Бразил. Тој беше осуден во 2017 година кога Робињо и уште пет други сонародници беа обвинети за силување.
Казната беше потврдена и од Врховниот суд на Италија во 2022 година.
Робињо (40) живее во својата татковина и секогаш ги негираше обвинувањата. Бразил нема практика да ги екстрадира своите граѓани, па италијанските власти побараа тој таму да ја отслужи казната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













