
Ѕвездата на Њукасл, Александар Исак, се најде во потесниот круг на Арсенал за нов напаѓач, со оглед дека „топчиите“ планираат да го засилат офанзивниот дел од тимот во текот на летото.
Лондончани допрва треба да стапат во контакт со „чавките“ за да разговараат за потенцијалниот трансфер, но нивниот интерес за 24-годишниот Швеѓанец се зголемува како што наближува крајот на сезоната.
Арсенал долго време е заинтересиран за Исак, откако се обиде да го ангажира во 2022 година. Сепак, тој се пресели на „Сент Џејмс Парк“ и стана еден од главните адути на Њукасл по неговата преселба од Реал Сосиедад.
Исак, чиј договор истекува во јуни 2028 година, е еден од најскапите играчи на Њукасл, заедно со бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараеш. Оваа сезона постигна 16 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања, вклучувајќи 12 гола во Премиер – лигата. Шведскиот репрезентативец постигна 11 гола минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
