Connect with us

Арсенал го продолжи договорот на Томијасу

Арсенал и официјално го објави новиот договор на дефанзивецот Такехиро Томијасу. Клубот само го дефинираше договорот како долгорочен, а според медиумите на Островот тој е до летото 2026 година, со опција за уште една година. Така „топчиите“ во последните денови го продолжија договорот на втор дефанзивец, откако претходно постигнаа договор со Бен Вајт.


Томијасу пристигна на „Емирати“ во летото 2021 година со трансфер од Болоња вреден околу 18,5 милиони евра. Оттогаш забележа 73 настапи со еден гол и шест асистенции за лондончани во сите натпреварувања. 25-годишниот дефанзивец е и јапонски репрезентативец, со 41 настап за неговата земја.

Фудбалерот ја изрази својата радост за новиот договор со клубот.

„Многу сум среќен што го продолжувам мојот договор бидејќи Арсенал е најдобриот клуб во светот. Остварен ми е сонот да играм за овој клуб, па среќен сум. Кога сум на теренот ја чувствувам љубовта и енергијата на навивачите. Имаме силна врска и сакам на некој начин да им се оддолжам. Играм за Арсенал и тоа значи дека играм за навивачите на Арсенал. Затоа му го посветувам животот на овој клуб и на навивачите. Сакам да им се оддолжам со нешто. Односот меѓу играчите и навивачите е на поинакво ниво и тоа го прави специјален“, изјави Томијасу во дел од интервјуто за клупската телевизија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови