
Судот во Барселона денеска одлучи да го „ослободи“ Дани Алвеш, по обвинувањата и пресудата дека силувал девојка во ноќен клуб.
Како што е познато, Дани Алвеш е долго време во затвор, а неодамна беше осуден на четири и пол години, но Бразилецот наскоро ќе биде – слободен.
Шпанските медиуми открија дека Дани Алвеш ќе плати кауција во износ од милиони евра, а на жртвата ќе и плати отштета од 150.000 евра и со тоа ќе излезе од затвор.
Сепак, Дани Алвеш нема целосно да ја отслужи казната, бидејќи ќе му биде одземен пасошот и нема да смее да ја напушти Шпанија. Тој ќе мора да се јавува и во судот еднаш неделно.
Оваа одлука предизвика огромна бура во Шпанија, бидејќи многумина сметаат дека судството на овој начин покажало колку лесно оние со пари можат да ја избегнат
Како и да е, Бразилецот платил еден милион евра за својата слобода и уште 150.000 евра за да и се „извини“ на жртвата за своите постапки.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
