Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, речиси сигурно ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. 35-годишниот светски шампион сѐ уште нема донесено конечна одлука, но според информациите на „Билд“ голема е веројатноста дефанзивецот да ги закачи копачките на лето.
Хумелс сфаќа дека повеќе не може да се носи со тешките оптоварувања, а исто така сака да поминува повеќе време со семејството. Тој е на мислење дека ова е најпогоден момент да каже „крај“.
Во тековната сезона централниот дефанзивец има 19 натпревари и три гола во Бундес – лигата. Тој пред неколку дена постигна гол и во победата над Ајнтрахт Франкфурт.
За време на неговиот прв престој во Борусија Дортмунд, Хумелс освои две титули во Бундес-лигата, два Купа на Германија и еден Суперкуп. Откако се пресели во Баерн Минхен, Матс додаде уште три шампионски титули, еден национален куп и три Суперкупа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













