
Дани Алвеш, кој е зад решетки, направил уште еден обид да излезе со кауција, објави „Марка“. Неодамна беше осуден на 4,5 години затвор за силување, но поднесе жалба на казната до повисокиот суд.
Во врска со ова, сега, додека ја чека новата одлука, поранешниот бразилски репрезентативец посака да му биде дозволено да го напушти затворот во кој е повеќе од една година. Утрово, преку видео врска од затворот „Брајанс 2“ во Барселона, тој го поднесе предметното барање до судот.
Се чека одлуката на судиите, кои веќе неколкупати одбиваа да го ослободат Алвеш во слични случаи. Нивните аргументи беа дека постои сериозна опасност тој да ја напушти Шпанија бидејќи од една страна казната му е висока, а од друга има многу пари на располагање. Во врска со тоа, денеска 40-годишниот Дани Алвеш увери дека нема да побегне, бидејќи „верува во својата невиност во случајот и сака да дојде до разврска“.
Алвеш беше уапсен и затворен во јануари 2023 година, што значи дека тој веќе отслужил околу 1/4 од казната. Во законот, ова му дава право да биде сослушан од судот околу барање за ослободување во очекување на одлуката на повисоката судска инстанца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
