
Македонската А репрезентација го одржа вториот тренинг во Анталија како подготовка за пријателските натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Напаѓачот Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат.
Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус.
Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“, изјави Бојан Миовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
