Connect with us

Манчестер Сити и Ливерпул во трка за сензацијата на ПСВ Ајндховен

Kрилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Јохан Бакајоко, е цел на англиските гиганти Манчестер Сити и Ливерпул, пренесува „Скај Спорт Германија“. Според изворот, во трката е и Челси, меѓутоа двата клуба кои се борат и за шампионската титула се во предност.


20-годишниот Белгиец е желба и на францускиот првак Пари Сен Жермен, а среќата ќе си ја испроба и Борусија Дортмунд. Трансферот на играчот ќе чини околу 60 милиони евра.

Бакајоко оваа сезона одигра 40 натпревари, постигнувајќи осум гола и 13 асистенции.

Договорот на играчот со ПСВ е до крајот на јуни 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови