Италијанскиот фудбалер и дефанзивец на Интер, Франческо Ачерби, денеска ја напушти репрезентацијата откако во неделата беше обвинет за расни навреди кон играчот на Наполи, Хуан Жесус.
Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) денеска соопшти дека Ачерби им ја претставил својата верзија за настаните на соиграчите во репрезентацијата и селекторот Спалети, каде изјавил дека немал намера да го навредува Жесус на расна основа, туку дека одлучил да не биде дел од репрезентацијата за претстојните два пријателски натпревари, против Венецуела и Еквадор.
ФИГЦ ќе го испраша Ачерби за инцидентот, бидејќи Жесус му пријавил на судијата на натпреварот Интер – Наполи дека Ачерби го нарекол „црнчиште“.
„Се извини затоа што сфати дека отиде предалеку. Што се случува на теренот, останува на теренот“, изјави Жесус по мечот.
Серија А најави дека судискиот извештај ќе биде објавен во вторник, а потоа ќе биде познато дали ќе биде отворена истрага против Ачерби.
Ачерби ризикува суспензија од десет натпревари, а италијанските фудбалски власти можат да побараат и подолга суспензија доколку сметаат дека е потребно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal