Connect with us

Аргентинците без Меси и Дибала на тестовите со Ел Салвадор и со Костарика

Најдобриот светски фудбалер и прва ѕвезда на аргентинскиот фудбал Лионел Меси нема да игра за националниот тим на пријателските натпревари против Ел Салвадор на 22 март и против Костарика четири дена подоцна.


Капитенот на „гаучосите“ е полесно повреден, а селекторот Лионел Скалони не сака да ризикува со него, бидејќи не се работи за квалификациски меч.

Сепак, Меси ќе биде со тимот во Филаделфија и ќе ги бодри своите соиграчи.

Место во националниот тим наместо играчот на Интер Мајами, доби офанзивецот на Бетис, Гвидо Родригез.

Покрај Меси, во тимот нема да бидат асот на Рома, Пауло Дибала и фудбалерот на Борнмут, Маркос Сенеси, кои исто така откажаа поради повреди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови