
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, го поддржа Џон Мекгин за добриот настап во четвртокот вечерта против Ајакс во реваншот од осминафиналето на Конференциската лига. Првиот натпревар во Холандија заврши без голови, 0-0.
Мекгин, кој доби директен црвен картон на неделниот премиерлигашки дуел со Тотенхем поради прекршокот над Дестини Удоџи, е достапен за денешната пресметка со Ајакс во која Астон Вила се обидува да стигне до првото европско четвртфинале од 1998 година.
„Можеме да го користиме Џон Мекгин и тоа е фантастично бидејќи ни треба неговиот квалитет и сила“, изјави менаџерот Емери.
Сепак, за натпреварот со Ајакс суспендирани се Езри Конса, кој беше исклучен на првиот меч во Амстердам и Николо Заниоло поради акумулирани жолти картони.
„Да се биде фаворит во европските натпреварувања не ти помага, а единствениот начин да го покажеш тоа е преку добра игра и резултат. Не го покажавме тоа на првиот натпревар. Ајакс покажа дека сака да нѐ победи и има несомнен квалитет. Европа значи престиж, а турнирот во Конференциската лига е уште една цел за нас оваа сезона.Ова е важно и за играчите и за клубот. Не сакам да заврши нашето учество уште вечерва“, прокоментира Унаи Емери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
