
Селекторот Драган Стојковиќ Пикси ќе ја предводи селекцијата на Србија на Европското првенство во Германија, но ќе остане на клупата на националниот тим и многу подолго, до 2026 година.
Српскиот „Информер“ ја пренесе информацијата дека Стојковиќ ќе потпише нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија кој ќе трае до крајот на квалификациите за СП 2026 година.
Истиот извор наведува дека е постигнат договор меѓу Стојковиќ и ФСС, а договорот ќе биде потпишан пред пријателскиот натпревар со Русија закажан за 21 март.
„Приказната за договорот на Пикси трае подолго време. Неговиот договор во моментов важи до крајот на Европското првенство, поточно до моментот кога Србија ќе настапува на него. Пикси сака да го реши својот статус во најбрз можен рок и го актуализираше прашањето за нов договор. Тој сака да знае дали ќе се разделат на лето или ќе ја води селекцијата уште еден циклус. Договорот е да остане на кормилото и во наредните две години. Сѐ е договорено, ќе потпише нов договор, а ќе го потпише деновиве, најдоцна до пријателскиот натпревар со Русија“, пренесува „Информер“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal