Шпанскиот прволигаш Селта Виго го раскина договорот со тренерот Рафаел Бенитез осум месеци откако беше назначен на оваа позиција, соопштија од клубот. Селта е на 17. позиција на табелата во Ла Лига со 24 бода, два над зоната за испаѓање, а Бенитез доби отказ по неделниот пораз од лидерот Реал Мадрид (4-0).
Тимот „не ги постигна резултатите што ги очекуваше клубот“ додека Бенитез го водеше, се вели во соопштението на Селта.
„Клубот сака да ја изрази својата најискрена благодарност до Рафа Бенитез и неговите помошници за чесноста и професионалноста што ја покажаа од нивното доаѓање“, истакнаа од Селта.
Тимот во следното коло гостува кај Севилја, која е на 14. место во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal